Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Москва се одржа еден од најбизарните шампионати за кои сте чуле, натпреварот во „Национално шамарање“. На крај беше крунисан и „крал на шамарите“.
Натпреварот се одржа во почетокот на мај, како дел од меѓународниот фестивал „Саричев пауер експо“ во Москва.
Светскиот рекордер Кирил Саричев го организираше настанот во московскиот парк Соколники, каде што привлече десетици бодибилдери и кревачи на огромни тегови, кои беа спремни да се шлапаат по лице за прилично мала парична награда.
Натпреварот се состоеше од неколку елиминациски круга, при што двајца играчи се удираа по лице со раширена дланка додека еден од нив да се предаде.
На натпреварувачите им беше дозволено да се натпреваруваат откако ги поминаа медицинските контроли и се покажа дека се доволно силни и здрави за да учествуваат на еден брутален спортски фестивал.
Јуриј Кузмин од Нижни Новгород се покажа како најупорен и најиздржлив учесник, кој ги натшамара сите свои ривали, го зазеде првото место и освои парична награда од 25.000 рубли (400 долари).