Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На свеченото отворање на Светското фудбалско првенство во Русија, химната на Мундијалот ќе ја изведе Вил Смит , а друштво ќе му прават Колумбиецот Ники Џем и косовската музичка ѕвезда Ера Истрефи.
На Вил Смит ова ќе му биде потсетување на музичката кариера , која пред многу години ја земени со актерска. Според Билборд , песната ќе биде објавена на 25 мај , а продуцент е Дипло , кој стои зад најголемите минатогодишни хитови како ,,Lean On” и ,, Cold Water”.
Ники Џем е еден од најголемите Јужноамерикански ѕвезди , а неговиот последен хит X e предледан 800 милиони пати на Јутјуб.
Ера Исрефи се прослави со светскиот хит Bon Bon . Родена е во Приштаина , на Косово, во музичко семјство со мајка пејачка и татко новинар . И сестра и Нора се занимава со музика. Ера од 2015 има интернационална кариера со договори со Sony records , додека настапува со Ријана и Сиа.
Химната на Светските фудбалски првенства обично се изведува при отворањето или затворањето на натпреварите. Пред четири години на отворањето ја пееја Питбул и Џенифер Лопез , а во 2010 на затворањето ја испеа Шакира.