Од политика, во шоубизнис: Семејството Обама влегува во продуцентски води


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со потпишувањето на неколкугодишниот договор со Нетфликс, Барак и Мишел Обама влегуваат во телевизискиот бизнис, објави Њујорк тајмс.

Поранешниот претседател и прва дама формираа своја сопствена продукциска компанија, „Хаер граунд продакшнс“. Во објавувањето на договорот за кој се шпекулираше од март, Нетфликс не даде никакви детали за тоа какви емисии ќе прават. Нетфликс рече дека Обамовци ќе прават „разновидна мешавина од содржини“, која би можела да вклучи реални и серии по сценарио, документарци или филмови.

„Се надеваме дека ќе ги негуваме и ќе им помагаме на талентираните, инспиративни, креативни гласови што можат да промовираат поголема емпатија и разбирање меѓу народите и да им помогнат да ги споделат своите приказни со поширокиот свет“, рече Барак Обама во соопштението на Нетфликс.

Барак и Мишел се очекува и да учествуваат во некои од програмите на екранот, рече лице запознаено со договорот, под услов да остане анонимно.

„Барак и јас отсекогаш верувавме во моќта на раскажувањето приказни за да нè инспирира, да нè натера да размислуваме поинаку за светот околу нас и да ни помогне да им ги отвориме нашите умови и срца на другите“, рече Мишел Обама.

Ниту една содржина од договорот не се очекува да биде достапна порано од 2019 година, рече лицето запознаено со договорот.