Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пар од Нов Зеланд умрел мирно во истиот ден во разлика од неколку часа, само една година по прославувањето на дијамантната свадба.
Питер Бедфорд и неговата сопруга Рут починале на 14. мај.
„Добро е што заминаа заедно. Беа потполно изгубени еден без друг“, истакна нивната ќерка Каролин Бедфрд за локалниот портал, „Стаф“.
Питер Бедфорд бил примен во болница во саботата навечер на 12. мај. „Мислам дека мама одлучи дека тој нема да се врати“, истакна Каролин.
Рут Бедфорд починала дома на 14. мај во 10 часот наутро по локално време, а нејзиниот сопруг неколку часа подоцна откако слушнал за нејзината смрт.
Иако умирањето на долгогодишните партнери во разлика од неколку часа е релативно ретко, „феноменот од смртта на скршено срце“ е тема на низа студии.
Харвардската студија од 2013. откри дека веројатноста личноста да умре е 30% поголема во текот на првите три месеци по смртта на брачниот другар.