Кети Пери ги налути Британците со своите коментари за венчаницата на Меган Маркл


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Добар дел од светот остана без зборови откако Меган Маркл излезе од автомобилот и за првпат ја покажа венчаницата во која неколку моменти подоцна се венча со принцот Хари. Се најавуваше чипка и раскош, а на крајот американската глумица избра едноставна венчаница со израз на грбот.

Додека сите модни магазини, го пофалија нејзиниот избор, на Кети Пери венчаницата не и се допаѓа.

Во текот на разговорот со Ентертејмент Тунајт, водителот побара од 33-годишната пејачка да го каже своето искрено мислење, а таа не беше ниту малку блага.

„Јас би отишла на уште една проба. Нема да лажам. Требаше да отиде на уште една проба“, истакна Пери.

А потоа даде до знаење дека неа далеку повеќе и се допаднала венчаницата на Кејт Миделтон, која беше дело на Александар Мекквин.

„Кејт, Кејт победи, дефинитивно победи“, истакна…

Нејзините коментари не ги прифатија најдобро Британците, на кои Меган оддеднаш им стана најсимпатичната членка на кралското семејство, а нејзинатавенчаница е огледало на елеганција.

Кети додаде дека е среќа поради новопечениот брачен пар, и дека и се допаѓаат активностите на Меган.

„Среќна сум поради нив, не ги знам, но прекрасно е тоа што го прави, целиот нејзин хуманитарен влог. Факт е дека е горда феминистка, тоа ми се допаѓа. Ја поддржувам како жена, ги сакам и почитувам двајцата“.

Хумантарната работа на Меган е темел на нејзината биографија објавена во неделата, додека нејзината 15-годишна актерска кариера се најде на втората страна од биографијата.