Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нејзиниот спот за песната „Јен’, два, три“ во соработка со младиот рапер Анте М изобилува со атрактивни сцени, како и брз ритам и заразен рефрен.
Она што е интересно во приказната со новиот хит на Нивес Целзиус е токму нејзиниот партнер во песната – споменатиот рапер МС Анте М. Типот ја запознал Нивес како нејзин голем обожавател кога имал 17 години.
„Пред неколку години со другарите бев на еден концерт од Нивес и ме воодушеви колку е таа позитивно луда и каква атмосфера прави на своите настапи. Јас ѝ пристапив после концертот, сакајќи да се сликам со неа и таа буквално ме освои со нејзината едноставност. Во меѓувреме станав МС и имам доста настапи по нашата дијаспора и преку Фејсбук ѝ понудив на Нивес предлог за соработка. Не можев да верувам колку брзо повратно ме контактираше и ја прифати понудата од која произлезе песната Јен’, два, три“, вели младиот музичар.