Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Збогум, маестро…
Збогум, маестро! Уживај во пензијата!
Анреа Пирло во ноќта на мајсторите и солзите на „Сан Сиро“ и официјално кажа збогум на фудбалот. Фудбалскиот „Моцарт“ успеа како ретко кој да собере огромен број на ѕвезди со кој играше и на публиката да и приредат спектакл за паметење.
Видовме дури 14 голови (Бел тим 7 – Син тим 7), се уверивме дека многу од овие асови со неколку недели трениг лесно би можеле повторно да заиграат на највисоко ниво, а има и такви на кои тренинг не им потребен. Така барем изгледаа Калренс Сидорф и Хавиер Занети.
Резултатот секако беше во втор план, но не можеме да споменеме како се одвиваше средбата. Белата екипа успеа да избегне пораз иако губеше со 3:7. А знаете ли на кого можат да му бидат благодарни? На чудесниот Пип Изнаги! Овој човек се уште го има во себе голгетерското чуство, постигна три гола во период од девет минути, а еден гол постигна Алесандро Матри.
Андреа Пирло во самиот финиш од натпреварот го напушти натпреварот за да го добие заслужениот аплауз на отворена сцена, а на негово место влезе неговиот син Николо, исто така играч од средината и исто така со бројот 21 на грбот.
Кој играше? Се ас до ас, мајстор до мајстор…
БЕЛА ЕКИПА:
Абијати, Дида, Бонучи, Киелини, Костакурта, Фавали, Јанкуловски, Малдини, Неста, Одо, Шимиќ, Замбртоа, Занети, Баронио, Каморанези, Гатузо, Лампард, Леонардо, Пепе, Пирло, Руи Коста, Верати, Видал, Р.Баџо, Дел Пиеро, Ди Натале, Јакинта, Ф.Инзаги, Матри, Пато, Роналдо, Тоти, Виери.
Голови: Пато 13, Виери 32, Дел Пиеро 41, Инзаги, 75, 79, 84, Матри, 78
СИНА ЕКИПА
Буфон, Сторари, Адани, Брзаљи, Бонера, Кафу, Ферара, Каладзе, Матераци, Сержињо, Пирло, Албертини, Амбросини, Броки, Де Роси, Дијаманти, Маркизио, Перота, Сидорф, Бориело, Касано, Кваљарела, Роналдињо, Шевченко, Тевез, Тони, Вентоло
Голови: Шевченко 1, 33, Кваљарела 6, Касано 30, Кафу 35, Броки 47, Тони 71.