Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Патувањето со камперско возило во САД е вообичаена појава, а многу кампери се одлични и за подолг престој по патишта. Двајца авантуристи, инспирирани од тоа, од моделот Actros на Mercedes решија да направат хотел на тркала со кој ќе патуваат по светот.
Truck Surf Hotel е дело на Даниела Карнеиро и Едуард Рибеиро, кои инспирација за својата креативна творба нашле во нивното искуство и го осмислиле овој концепт на хотел. Тие долги години патуваат заедно по Европа и Африка, истражувајќи ги нивните различни култури и места за сурфање. Исто така, цел им е да го споделат со луѓето нивното искуство и убавините од патувањата, различните природни паркови и планини, популарни места за сурфање, сето тоа додека живеат во луксузен хотел на тркала.
Споменатиот Truck Surf Hotel нуди авантури и четири сурф пакети во Португалија, од јуни до октомври, како и во Мајорка од јануари до април. Иако програмата е однапред одредена, оние кои ќе се одлучат на вакво патување, можат да направат измени. Карнеиро е водич и фотограф, а Рибеиро е инструктор по сурфање.
Truck Surf Hotel нуди удобно сместување во пет климатизирани соби, од кои четири имаат индивидуални двокатни кревети. Една соба е приватна и е наменета за парови.
Карнеиро и Рибеиро препорачуваат луѓето да патуваат со партнери за подобро да се запознаат низ незаборавни авантури. Еднонеделен пакет, односно турнеа во Мароко, чини 499 евра по лице, додека основна цена за патување во Португалија е 614 евра по човек.