Ви го откриваме начинот, Вашето срце и артерии да останат млади…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Потребно е да се вежба четири до пет пати неделно за да се спречи стврднување на главните артерии, покажа истражувањето чии резултати ги пренесува Би-Би-Си.

Студијата спроведена на пример од 100 луѓе во шеесеттите години, покажа дека вежбањето два или три пати неделно на здравите им ги оддржува само некои од артериите.

Експертите велат дека било кој облик на вежбање го намалува ризикот од срцеви проблеми. Меѓутоа, вистинската количина на вежбање во вистински момент од животот би можело да го намали стареењето на срцето и крвните садови.

Во студиите, објавени во стручниот весник „The Journal od Phisiology“, разгледани се навиките за вежбање кај учесниците во текот на досегашниот живот и мерењето на нивните артерии.

Артериите се крвни садоби кои пренесуваат крв од срцето во сите делови од телото. Колку човек повеќе старее, тие стврднуваат.

Нездравиот стил на живот, може да предизвика блокада на артериите од насобраните масти.

Американските експерти откриваат дека вежбањето два до три пати неделно по 30 минути, во текот на животот ги оддржуваат артериите кои ја носат крвта во главата и во делот на вратот кај младите.

Меѓутоа, луѓето кои вежбаат четири до пет пати неделно имаат поздрави и поголеми артерии.