ЖЕНИТЕ ПРЕСЕКОА: Изненадувачки, што е најпривлечно кај еден маж?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Експертите конечно открија што жените сметаат за најпривлечно кај момците, а нивната одлука сигурно ќе ве изненади.

Густа коса, добар моден стил, тонирани мускули, дали нешто од тоа го прави мажот поатрактивен? Се испостави дека жените не „паѓаат“ на тоа. Во истражувањето во кое учествуваа повеќе од 300 жени, се докажа дека жените должината на ногата ја сметаат најпривлечна кај момците, пишува британски „Сан“.

Учесниците во студиите, вкупно 341 жени имаа задача да гледаат компјутерски генерирани фотографии на моцми кои се базирани на изгледот на вистински, само се проширени или намалени нозете како и рамената. Потоа се прашаи да оценат и да ја рангираат нивната атрактивност.

Момците кои имаа издолжени нозе имаа поголеми оценки, во однос на оние со просечна должина на долните екстремитети. Пошироките рамена не влијаеа на разликата, дојдоа до заклучок експертите од Универзитетот Кембриџ.

Долгите нозе се индикатор на висок економски статус, физичка способност и спретност, како и добра исхрана. Тие исто така можат да бидат знак за мускулна сила, која ја покажуваат додека одат или трчаат.

За разлика од тоа, кратките нозе се поврзуваат со дијабетес, срцеви проблеми, висок крвен притисок и деменција, па инстиктот говори дека жените сакаат да се „оттргнат од лошите гени“.