Салах го слават како „Фараон“: Копачките изложени во Британскиот музеј!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мохамед Салах одигра фантастична сезона и ги собра сите индивидуални награди во Премиер лигата, а сега доби уште едно големи признание.

Имено, од вчера неговите копачки се изложени во Британскиот национален музеј во Лондон, каде е експониана таканаречената Египетска колекција.

„Копачкиве ја раскажуваат историјата на современата египетска икона која што игра во Велика Британија но има влијание врз целиот свет. Нам ни е чест да биде дел од проектот за секојдневниот живот во Египет во ХХ-ХХI век“, изјави кустосот на музејот.

Копачките ќе бидат изложени до наредната недела, поточно 26-ти мај кога се игра финалето во Лигата на шампиони помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Салах стана сензација на Островот откако оваа сезона постигна 32 гола на 38 меча во Премиер лигата.