Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со 54 гласа „за“ и 45 „против“ американскиот Сенат синоќа го потврди изборот на Џина Хаспел за нов директор на ЦИА по процесот на номинацијата кој повторно ја отвори емотивната дебата за суровите техники на испитување осомничени во еден од најмрачните период на таа служба.
Сенатот гласаше 54 спрема 45 за избор на Хаспел, а на владејачките републиканци им се придружија шестмина сенатори од Демократската партија. Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел оцени дека Хаспел која на чело на ЦИА ја предложи претседателот Доналд Трамп, е „вистинска жена во вистинско време“.