Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако се прашувате кои холивудски ѕвезди живеат во најскапите вили, тогаш веднаш можете на листата да ги пишете Елен ДеГенерис и Портиа де Роси, како и нивниот славен пријател Рајан Сикрист. Но, тронот на таа листа припаѓа на „кралицата на медиумите“, Опра Винфри.
Таа живее во палата чија вредност се проценува помеѓу 85 и 90 милиони долари. Нејзиниот имот во Монтекито се протега на 23.000 квадратни метри.
Има 6 спални соби и 16 бањи, базен, соба за пиење чај, терен за тенис, две домашни кино сали, вински подрум и други луксузи.
Опра Винфри пред неколку месеци на гости во шоуто со Џими Кимел откри колку се разликува од „обичните смртници“. Призна дека не знае да си тури гориво во автомобилот, а во банка била само еднаш во последните 30 години.