Луксуз во само 999 примероци: iPhone X Tesla – елеганција на соларно полнење


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


iPhone X Tesla е појачана и збогатена верзија на основниот iPhone X, која е обложена со карбонски влакна и позлата и вградена соларна батерија која се полни на Сонце или на силна вештачка светлина од светилка. Тоа подразбира дека овој скапоцен телефонски „ѕвер“ нема шанси некогаш да ви се исклучи поради празна батерија.

Caviar е компанијата која стои зад производството на овој луксузен паметен телефон и најскап iPhone кој чини од 4.555 долари за верзијата од 64 GB меморија, до 4.805 долари за верзијата со 256 GB.

Тоа Tesla на името му е додадено во чест на посветеноста во развојот на одржлива енергија на технолошкиот могул Илон Маск, но и во чест на ненадминатиот иноватор Никола Тесла.

На еден од рабовите на овој уникатен смартфон е впишана уште една реченица кажана од Маск: „Изработено од луѓе на Земјата“.

Бидејќи е толку привилегиран и испочитуван како инспирација за изработката на iPhone X Tesla, од Caviar најавија дека од лимитираната едиција од вкупно 999 изработени вакви телефони, еден примерок бесплатно ќе му биде подарен тому на Илон.