Официјално: Гвардиола „граѓанин“ до 2021 година!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Сити одигра фантастична сезона и не само што ја освои титулата во Премиер лигата, туку и сруши многу рекорди.

Еден од најзаслужните за таквиот успех е секако тренерот Пеп Гвардиола, па раководството на „граѓаните“ сака да го задржи што е можно подолго во своите редови.

Двете страни преговараа веќе неколку недели, а денес Гвардиола и официјално стави нов потпис на нов договор со Манчестер Сити.

Каталонскиот стратег се обврза на верност кон „граѓаните“ до 2021 година, а иако финансиските детали од договорот не се познати, „Скај Спорт“ пренесува дека тоа е најбогатиот менаџерски договор во историјата на Премиер лигата.