Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од едно навидум идилично пријателство на интернет, за една несреќна велешанка средбата со прилепчанецот кого го запознала на социјалните мрежи можела да заврши кобно после крвничкиот напад кој тој го извршил врз неа на нивната средба.
Таа едвај се спасила од налетот и тупаниците на четири години постар прилепчанец, со кого вчера била на претходно договорена средба во Велес, пренесува 24.мк.
Двајцата се спријателиле преку интернет, па се договориле да се сретнат во ресторанот на еден велешки хотел. Потоа со возилото на прилепчанецот, тие заминале во близина на спомен костурницата. Тука тој почнал да ја убедува на сексуален однос, но девојката одбивала.
Сфаќајќи дека нема да го добие тоа што го смислило, 31 годишното момче почнало крвнички да ја тепа девојката. Од ударите таа се онесвестила, а прилепчанецот ја одвезол до градот и во близина на велешката гимназија ја оставил на патот.