Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесува Sky News, на кралската венчавка помеѓу принцот Хари и Меган Маркл ќе се користи софтвер со вештачка интелигенција (AI) за препознавање на лица за време на преносот од свадбата на 19-ти мај.
Тоа значи дека како што ќе пристигнуваат гостите, нивните имиња и информации врзани со нив ќе се емитуваат во преносот.
Софтверот ќе биде напојуван од Rekognition на Amazon, систем за машинско учење за кој компанијата вели дека може да детектира, следи и анализира лица, вклучувајќи ги и оние на познатите личности, а користењето на овој AI систем ќе биде поевтино од плаќање на водител кој би ги истражувал и изговарал имињата и информациите за гостите како што ќе пристигнуваат.
Многумина поставуваат прашања во врска со импликациите кои користењето на еден ваков систем за надгледување би ги имал врз приватноста, особено на оние кои ќе присуствуваат на венчавката а кои нема да се информирани дека системот воопшто постои и ќе го користи секој кој ќе ја преземе Sky News апликацијата.