Најголем број сериски и масовни убијци се родени во овој хороскопски знак


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


*Хороскопските препораки и совети не треба да ги земате здраво за готово и пресериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се кај најблискиот научник.

Британскиот автор Дејвид Џестер поарчи две години истражувајќи ги хороскопските знаци во кои се родени некои од најбруталните сериски убијци, со цел да утврди дали постои некој хороскопски знак кој меѓу тие бескрупулозни убијци се повторува почесто од другите.

И најде еден – Џестер сфати дека на неговата листа со сериски убијци еден хороскопски знак се појавува почесто од било кој друг знак од зодијакот. Станува збор за хороскопскиот знак Бик (20 април – 20 мај). Исто така, откри дека најголем број сериски убијци се родени на само два исти датуми – 24 април и 18 февруари.

Секако, ова не значи дека треба да престанете да си имате било каква работа со оние кои се родени под хороскопскиот знак Бик, но сам по себе овој факт е доста интересен.

Своето истражување Џестер го објасни во книгата The Clinic која наскоро ќе биде пуштена во продажба по книжарниците во светот.

Некои од сериските и масовни убијци од листата на Џестер кои се родени во знакот Бик се:

Х.Х. Холмс (16 мај, 1861 година) – првиот американски модерен сериски убиец, си изградил „дворец за убивање“. Бил многу интелигентен, а парите му значеле повеќе од било што во животот.

Мајкл Рајан (18 мај, 1960 година) – во половина час убил 16 луѓе во масакрот во Хангерфорд, после што се самоубил.

Дејвид Копленд

Дејвид Копленд (15 мај, 1976 година) – во британските медиуми стекна прекар London Nail Bomber, беше неонацист кој сакаше со бомби да ги уништи сите црнци, хомосексуалци и сите останати кои не се совпаѓаа во неговите болни убедувања.

Карла Хомолка (4 мај, 1970 година) – Канаѓанка која со сопругот убила и силувала неколку деца.

Алберт Фиш (19 мај, 1870 година) – еден од најозлогласените сериски убијци во САД. Силувач на деца и канибал, американските медиуми го нарекоа Boogey Man од реалноста.

Леви Белфилд (17 мај, 1968 година) – сеел страв во Велика Британија, силувал и убивал жени и девојчиња.

Орвил Лин Мејџорс (24 април, 1961 година) – го викале „Ангелот на смртта“, убил шест луѓе додека работел како медицинско лице во Индијана.

Роберт Блек (21 април, 1947 година) – сериски убиец и педофил од Шкотска.

Роберт Блек

Стив Рајт (24 април, 1958 година) – англиски сериски убиец кој силувал и убил неколку жени.

Марта Бек (6 мај, 1920 година) – со партнерот Рејмонд Фернандез, како што се претпоставува, убила 20 жени. Американските медиуми ги нарекле „Убијците на осамени срца“.