НАЈАВА финале Лига Европа: Марсеј ќе ја врати славата или Атлетико ќе ја потврди класата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вечерва сите очи ќе бидат вперени во Лион, каде Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид ќе се борат за освојување на вториот по вредност пехар во Европа.

Фаворит за освојување на трофејот е секако Атлетико Мадрид, кој после елиминацијата во Лига на шампиони, лесно и очекувано стигнаа до финалето. „Јорганџиите“ го имаат и искуството на своја страна, бидејќи триумфираа во овој турнир во 2010 и 2012, а од тогаш па до денес играа и две финалиња во Лигата на шампиони.

Марсеј по малку изненадувачки, но заслужено стигна до финалето. Славниот француски клуб после долги години игра европско финале. Последниот европски триумф за тимот од Марсеј е во далечната 1993 година. Ова за нив е можност не само да подигнат значаен трофеј, туку и да обезбедат пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.

Повреди и суспензии

Тренерот на Олимпик Марсеј, Руди Гарсија има проблеми со повреди во дефанзивната линија. Бруно Сар е повреден и неизвесен за финалето, а добрата вест е што голмантот Манданда и дефанзивецот Адил Рами ќе бидат спремни за вечерва. Главното трио во нападот Паје, Тован и Жермен е спремно за вечерва.

Диего Симеоне финалето ќе го гледа од трибините бидејќи е суспендиран. За среќа меѓу фудбалерите нема повредени и суспендирани, па ќе може да смета на најсилниот тим. Единствен проблем за Симеоне е што левиот бек Филипе Луис е под знак прашалник, па можно е на негово место во стартниот тим да се најде Лука Ернандес.

„Заспаниот“ гигант или потврда на класата

Олимпик Марсеј беше еден од најсилните тимови во 90-те години, кога и јаосвои Лигата на шампиони. Ова за францускиот клуб е можност повторно да се потсети наславните денови и да се закити со европски трофеј. Притоа, може да обезбеди и пласман во Лигата на шампиони, бидејќи во француското првенство падна на четвртото место.

Атлетико не може да се пофали со титулата европски шампион, но може да се пофали со многу искуство во финалињата во последните десетина години. Го освојуваше ова натпреварување во 2010 и 2012 година, па вечерва може да ја потврди класата и шпанската доминација во Европа.

Веројатни состави:

Марсеј: Манданда, Сар, Рами, Луис Густави, Амави, Сансон, Лопез, Товен, Паје, Окампос, Жермен.

Атлетико: Облак, Ернандес, Годин, Хименес, Врсаљко, Коке, Саул, Габи, Кореа, Диего Коста, Гризман.

Според букмејкерите Атлетико Мадрид е фаворит во денешниот дуел, па така коефициентот според Coinbet24 за победа на „јорганџиите“ изнесува 1.98, за реми 3.15 додека за победа на Марсеј коефициентот е 4.30.