Реал и ги замрсува сметките на Барселона за одличниот дефанзивец


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе се обида да го расипе или во најмала рака да го отежне трансферот на Клемен Ленгле од Севиља во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Францускиот дефанзивец е прв избор на Барселона за засилување на одбраната, особено поради фактот што е неизвесна иднината на Умтити.

Меѓутоа раководството на Реал Мадрид исто така покажува сериозен интерес за Ленгле, па не е исклучено во следните денови да испратат официјална понуда до Севиља.

Медиумите тврдат дека во договорот на Ленгле има откупна клаузула од 30 милиони евра, но од Севиља информираа дека истата била зголемена на 45 милиони.

22-годишниот дефанзивец игра фантастична сезона во дресот на Севиља, па двата шпански гиганти нема да имаат проблем да ја платат споменатата сума.