Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Студијата на Универзитетот во Рочестер изработи вежба преку која се тестира несвесната можност на мозокот да издвои визуелно покрети, а резултатите покажале дека подобрата перцепција се поврзува со интелигенцијата.
На пример, луѓето со повисок коефициент на интелигенција можат да проценат кој објект се движи брзо. Затоа, ако прво им фрлите топка на интелигентните луѓе, тие побрзо ќе го предвидат нејзиното движење. Исто така, интелигентните луѓе побрзо ги блокираат непотребните позадински информации.
Така е направен и овој тест: се што треба да направите е да воочите на која страна се движат цртките на екранот, лево или десно.
Резултатите покажале дека луѓето со повисок IQ побрзо одредуваат на која страна линиите се движат, но оти биле полоши во тоа да ја воочат големата слика, односно позадинските информации.