Реконструкција на структурата: БЕСА и ДПА влегуваат во Влада


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со новата реконструкција на Владата на чело со премиерот Зоран Заев, досега опозицискитеДПА и Беса на Африм Гаши ќе бидат дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ.

Со најавената реконструкција на Владата, се очекува ДПА и Беса да добијат по едно министерско место и неколку заменички места. Засега партиските извори не кажуваат за кои министерски места се договориле лидерите на овие партии.

Според партиските извори ДПА и Беса добиваат по едно министерско место – ДПА наводно ќе го добие министерството без ресор кое остана испразнето по изборот на Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, а БЕСА Министерството за култура.