Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума во последните денови е мета на големи критики поради неговите грешки во финалето на Купот на Италија, како и на вчерашниот меч против Аталанта.
Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели изјави дека клубот целосно стои зад Донарума, но и за прв пат потврди дека постои можност да биде продаден 19-годишниот голман, но само ако дојде вистинска понуда.
„Мора да го заштитиме Донарума и ќе го штитиме до крај. Потоа како и сите други фудбалери, ќе видиме што ќе се случи. Тој е дел од костурот на тимот и нема да го пуштиме лесно, се разбира се додека некој не го процени онака како што мора да го процени“, изјави Мирабели.
„Доколку пристигне добра понуда може да биде продаден, но тоа важи за сите фудбалери. Едноставно, има многу побогати клубови од нас и ние треба да го прифатиме тоа. Ова не важи само за Милан, туку и за целата Серија А. Ова првенство не е она што беше во минатото и не може да привлече големи шампиони“, додаде спортскиот директор на „росонерите“.
Потсетуваме Милан веќе обезбеди нов голман за следната сезона, а тоа е Пепе Реина. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ќе се согласи да го продаде Донарума само доколку пристигне понуда помеѓу 60 и 70 милиони евра.