Археолозите повторно импресионирани од откритие во Помпеја


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новите наоди при најновото ископување во древниот град Помпеја кој беше уништен при ерупцијата на вулканот Везув, ги импресионираа археолошките тимови кои работат на тој терен.

При ископувања во Помпеја е откриена штала со остатоци од тркачки коњ. Надлежните за археолошката локација во Помпеја во четвртокот прикажале остатоци од коњ од кои може да се заклучи дека коњот лежел на левата страна кога загинал.

Директорот Масимо Осана рекол дека коњот бил чистокрвен и најверојатно бил користен за трки, а не за работа.

Делови од градот уништени од ерупцијата на Везув во 79 година од новата ера и натаму чекаат на ископување. Шталата ѝ припаѓала на една вила на северната периферија на Помпеја.

При ископувањето на вилата биле пронајдени и кујнски предмети и делови од дрвен кревет.