Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе подолго време се шпекулира дека Нејмар не е среќен во Париз и дека на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ.
Овие шпекулции особено се засилија последните денови откако медиумите открија дека Реал Мадрид веќе работи на трансферот и дека самиот Нејмар го притиска ПСЖ да го пуштата да се врати во Шпанија.
Сега конечно се огласи и првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кој категорично потврди дека Брзилецот останува на „Паркот на принцовите“.
„Тоа се шпанските медиуми, тие секогаш прават сензации, но нема никаква шанса Нејмар да замине од клубот. Тој ќе остане 2.000% во ПСЖ“, изјави Ал-Келаифи.
Унаи Емери претходно говореше за Нејмар и истакна дека Бразилецот не се прилагоди во целост на условите во Франција, но и тој смета дека Нејмар ќе остане во Париз.