Облачно време со пороен дожд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Времето денеска ќе биде променливо облачно на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура од 5 до 12, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 18 до 25 степени.

Скопје Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Температурите од 9 / 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет. Денес нестабилно ќе биде на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално се очекува процесите да бидат поинтензивни.