Најважните моменти овековечете ги со помош на Super Slow-Mo опцијата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со новата опција Super Slow-mo на Samsung паметните телефони Galaxy S9 и S9+ можете да ги снимите најдрагоцените моменти и во нивна забавена верзија да уживате и одново да ги доживеете на целосно нов начин.

Најдобрите случувања во животот се прашање на мигови, било да станува збор за неверојатни спортски настани, духовити ситуации со друштвото и пријателите или најважни семејни и емотивни случувања со најдрагите. И неретко токму тие мигови речиси е невозможно да се овековечат бидејќи исчензуваат истиот момент кога и се случуваат.

Но, тука е технологијата која може да го олесни тоа „зграпчување на миговите“. Благодарение на Super Slow-mo на Samsung Galaxy S9 и S9+ уредите, корисниците можат да ги продолжат драгоцените моменти. Со оваа опција забавено се снима видео запис од 960 фрејма во секунда, со што се открива целосно нов начин на повторно доживување и споделување на посебните моменти од секојдневието.

Преку автоматското препознавање на движења, корисниците можат едноставно да подесат за снимање видео и да го стиснат копчето play. Пред споделувањето на содржините, коритејќи три креативни опции – видео запис кој прави looping, кој оди наназад или кој лелее – корисниците можат да му додадат музика на видеото со помош на 35 различни, однапред поставени можности, или да одберат омилена мелодија од сопствената музичка архива. За дополнителна забава тука е и можноста за изработка, уредување и споделување на GIF фајлови.

Наместо да снимате видео записи кои ќе бидат заборавени во телефонската галерија, Super Slow-mо овозможува корисниците да создаваат спомени од скриените моменти кои сакаат да ги споделуваат. Со бескрајните можности за персонализирање, споделувањето на сеќавањата со пријателите и семејството се позабавни од било кога.