Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер направи многу инетерсна прогноза за појава на нов европски фудбалски турнир, кој целосно ќе го промени календарот на најсилните европски првенства.
Според Французинот, кој после 22 години го напушта кормилото на Арсенал, промената ќе се случи многу скоро, односно во следните неколку години.
„Следната промена ќе се случи во следните години и ќе донесе ошта европска лига која ќе се игра во викендите, а натпреварите од првенствата ќе се играат во вторник и среда. Тоа е следниот чекор и мислам дека ќе се случи многу скоро, бидејќи тоа е единствен начин останатите лиги да можат да конкурираат со Премиер лигата“, изјави 68-годишниот Венгер.
Според Французинот водечките клубови од Европа се незадоволни од парите кои ги добиваат од ТВ права поради слабата конкуренција во првенствата.
„Промената е неизбежна. Големите клубови ќе речат дека кога играат два мали клуба никој не ги гледа. Луѓето сакаат да гледаат квалитетни натпревари, а големите клубови се приморани да ги делат парите со малите. Поради тоа сметам дека ќе се формира општа европска лига во која ќе играат најквалитетните клубови од 5-те најсилни лиги“, заклучи Венгер.