Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус е во напредни преговори со Џенова за трансфер на голманот Матија Перин.
Перин е еден од најталентираните голмани во Италија и заедно со Донарума важи за наследник на Џиџи Буфон.
Познато е дека ова е последната сезона на Буфон, Јувентус веќе го има Шчешни, но сака во тимот да има двајца врвни голмани, па веќе испратил понуда за Перин.
Италијанските медиуми пренесуваат дека првичната понуда на „бјанконерите“ изнесува 12 милиони евра, а Џенова за слободата на голманот бара 20 милиони евра.
„Вистина е, Марота ме информираше дека Јувентус е заинтересиран за Перин. Во наредните денови ќе имаме нова средба да разбовараме за трансферот“, потврди претседателот на Џенова, Прециози.
За Перин силен интерес покажува и Наполи, но „старата дама“ е во пол позиција за неговиот потпис.