Цвијиќ единствена вардарка во ол-стар тимот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Драгана Цвијиќ е единствената ракометарка на Вардар која беше избрана во идеалниот тим на Лигата на шампиони за оваа сезона.

Во изборот гласаа фановите и новинари од 12 земји кои го избраа идеалниот тим, каде се најде само една вардарка, пивотот Драгана Цвијиќ.

Покрај Цвијиќ во првата седумка се најдоа голманот Кари Алвик Гримсбо (Ѓер), левото крило Сираба Дембеле (Ростов), левиот бек Кристина Неагу (ЧСМ), среден бек Вероника Кристиансен (Митјиланд), а пак десната страна ја покриваат Ана Грос (Мец) и Јулија Манагарова (Ростов).