Командант Хоџа се повлече од советничката функција во премиерскиот кабинет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако пред една недела беше назначен за советник на премиерот Зоран Заев, Џезаир Шаќири, попознат како командант Хоџа, си поднесе оставка од советничката функција. 

„Му најавив на премиерот дека  се повлекувам од функцијата бидејки не сакам да му наштетам нему,  а особено не на земјава кон патот на ЕУ и НАТО – тој е единствениот политичар кој  ме разбра и тоа е уште една причина зошто не сакам да му пречам во неговата работа“, изјави Шаќири за Нова ТВ.

Шаќири вели дека премиерот имал притисоци за неговото назаначување од ДУИ и од ВМРО ДПМНЕ кои според негови информации притискале кај дипломатите.

„Тоа што се повлекувам од функцијата не значи дека сега Танушевци и тој регион нема да бидат под контрола на државата – Танушевци и тој регион се безбедни рече Шаќири кој останува да живее во Скопје со своето семејство.