Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наградата во „Златна ракавица“ во Премиер лигата му ја украде големиот ривал, но затоа тој успеа да го запише своето име во Гинисовата кинга на рекорди.
„Граѓаните“ од пред неколку кола ја обезбедија шампионската титула во Англија и сега ги поместуваат гранциите во Премиер лигата. „Граѓаните“ веќе ги срушија рекордите по бројот на освоени бодови, постигнати голови и победи, а во последното коло ќе имаат прилика и да стигнат до неверојатни 100 бодови.
Еден човек од нивните редови одлучи сам да сруши еден рекорд, а тоа е голманот на Манчестер Сити Едерсон Мораеш.
Мораеш не ја освои наградата за најдобар голман која заврши кај Давид Де Геа, па одлучи да сруши еден рекорд.
Имено, рекордното „дегажирање“ на топка изнесуваше 75 метри, а Едерсон доби три обиди да го сруши овој рекорд.
Mу успеа и тоа во последниот обид. Едерсон топката ја испрати 35 сантиметри подалеку од рекордот, па така своето име го запиша во Гинисовата книга на рекорди.
.@edersonmoraes93 attempts the World's Longest Football Kick to make the @GWR! 🚀🚀🚀 #mancity pic.twitter.com/ToUKov19kT
— Manchester City (@ManCity) May 11, 2018
https://twitter.com/City_Watch/status/994577729759731712