Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бројот на должници кон државата незадржливо расте. Управата за јавни прихди ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.01.2018 и неплатени до 30.04.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Вкупниот долг е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
И овој пат физички лица, претпријатија, приватни но и државни компании чиј број изнесува 4391 се најдоа на црната листа на УЈП.
Прв на листата најголеми должници е компанијата ОТЕКС А.Д. Охрид со вкупен долг од 836,157 денари.Втор на должничката листа на УЈП е Ел Дон Кастило Ангел Д.О.О.Е.Л. Експорт Импорт Скопје, а зад него се ИНДУСТРИЈА ЕЛ АЗТЕКА ДОО Скопје и Мотор Коач Индустрија Интернационал ДОО Скопје.
Не изостанува од листата ниту Македонија Пат која стигна до долг од над 367 милиони денари, а должници на државата се уште се и јавните комунални претпријатија од Тетово и Гостивар. Долг има и ХЕДИС ДОО Скопје а меѓу должниците место има и за Македонската Радио Телевизија.
Целосната листа на должници може да ја видите тука.
Извор: Фактор