Пендаровски: Економскиот развој ќе биде отежнат без членство во НАТО


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стево Пендаровски, национален координатор за членство во НАТО, денес порача дека ако Македонија не добие покана за членство во НАТО, предизвик за земјата во следниот период, наспроти нечии предвидувања, нема да биде сочувување на територијалниот интегритет и суверенитет, туку развојот на демократските институции и економијата, пишува Радио Слободна Европа.

Тој на дебатата „Предизвиците на Македонија пред Самитот на НАТО во 2018“ истакна дека е важно фокусирањето врз економскиот развој, особено странските инвестиции, кои полесно доаѓаат во земји кои се дел од еден широк и стабилен безбедносен режим.

Шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, Горан Бартол посочи дека многу е охрабрувачки тоа што гледаат поголема динамика во евроатлантската интеграција на земјата. Според него, Македонија постигнала голем напредок, но има уште многу што да се направи. Тој посочи дека вратата на НАТО е отворена за Македонија.