Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се наближува Светското првенство во Русија, а истото нема да помине и без поубавите половини на фудбалерите.
Во продолжение ви го претставуваме идеалниот тим составен од девојките или сопругите на фудбалерите кои ќе настапуваат на Мундијалот.
Шакира (Жерар Пике)
Овој славен пар се запозна при снимањето на песната „Waka Waka“ – химната на Мундијалот во Јужна Африка од 2010 година.
Набрзо после тој турнир на кој Шпанците стигнаа до титулата централниот дефанзивец и славната пејачка започнаа романса.
Пилијар Рубио (Серхио Рамос)
Рбио студираше економија, но не дипломираше. Се пронајде во манекенството, а потоа стана позната шпанска водителка. Роди три деца, но тоа не ја спречува да изгледа фантастично.
Познатиот пар е заедно од септември 2012 година.
Ен-Кетрин Брамел (Марио Геце)
Ќе биде „жешко“ во ложата кога ќе игра Германија, Геце во 2012 година на „Ибица“ ја „улови“ познатата пејачка и модел. Кетрин исто така има своја линија на бикини.
Едурне Гарсија Алмагро (Давид Де Геа)
Првиот голман на Манчестер Јунајтед и шпанската пејчка се заедно веќе осум години. Едурне иначе е и модел, покрај пеењето и манекенството се занимаваше и со актерство.
После учеството на натпреварувањето „Операција триумф“ во 2005 година, нејзиниот талент е забележан, а една година подоцна го промовираше и својот албум.
Мишел Де Брујн (Кевин Де Брујн)
24 годишната Белгијка и најдобриот асистент на Манчестер Сити се верија во декември 2016 година, а на „лудиот камен“ стапнаа во јуни минатата година.
Амин Гулше (Месут Озил)
Плејмејкерот на Арсенал „улови“ вистинска убавица. Амин беше мис на Турција во 2014 година, а покрај менекенството се занимава и со актерство. Овие двајца се во романса една година, а се шпекулира дека свадбата е на повидок.
Кларис Алвеш (Марсело)
Марсело и преубавата убавица од Бразил се познаваат уште од тинејџерските денови, а оваа година обележија 10 години од нивниот брак. Имаат два сина, Енцо кој има девет години и Лиам кој има само три.
Лорејлеј Тарон (Радамел Фалкао)
Аргентинската пејчака се запозна со асот на Монако кога имаше 16 години, а се венчаа кога наполни 19. Лорелеј го следеше својот сопруг каде и тој да играше фудбал.
Живеаа во Португалија, Шпанија, Англија, а сега се стационирани во Франција. Сепак покрај бројните преселби таа успеа да работи и на својата музичка кариера.
Сем Смолинг (Крис Смолинг)
Најновите младинци направија свадба минатата година на езерото Комо во Италија. Поубавата половина во минатото се сликаша за порнографско списанија во Британија, додека сега се промени и на својот Инстаграм профил објавува вегански рецепти.
Софија Милошевиќ (Адем Лајиќ)
Една од најпознатите српски маненкеки со Лајиќ е во врска три години. Колку работата ќе и дозволи да биде дел од Мундијалот останува да видиме.
Георгина Родригез (Кристиано Роналдо)
Роналдо и Георгина се заедно од ноември 2016 година, а во ноември минатата година добија и ќерка. Шпанските медиуми пишуваат дека се спрема свадба после Мундијалот.