Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голманот на Челзи, Тибо Куртоа ги загрижи фабовите и стручниот штаб на „сините“.
Белгиецот го пропушти синоќешниот дуел со Хадерсфилд поради болки во грбот. Во моментов не е јасно од каква природа е неговата повреда и колку време ќе отсуствува од терените.
На „Стенфорд Бриџ“ се сериозно загрижени дека Куртоа нема да успее да се опорави до финалето на ФА Купот.
„Сините“ во финалето ќе ги одмерат силите со Манчестер Јунајтед на 19-ти мај. Медиумите тврдат дека голема е веројатноста Конте да не ризикува со неговиот настап и во финалето да биде меѓу стативите вториот голман Кабаљеро.