Половина Европа чека да го „распарчи“ Саутемптон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Саутемптон се спрема за клучната битка за опстанок во Премиер лигата, а половина Европа сака да го види во Чемпионшип за да ги купи неговите ѕвезди по „дисконтна“ цена.

Саутемптон иако се бори за опстанок во Премиер лигата, сепак во тимот има неколку одлични фудбалери кои се на радарот на европските гиганти.

Пред се тука се мисли на Тадиќ, Габиадини, Лемина, Соареш, Бертранд…

Најголем интерес привлекува српскиот репрезентативец Душан Тадиќ кој е на мета на многу европски клубови, пред се на Милан.

„Росонерите“ имаат потреба од креативен фудбалер како Тадиќ и веќе подолго време ги следат неговите настапи, а доколку Саутемптон се пресели во Чемпионшип неговата цена драстично ќе се намали.

Тадиќ е еден од најдобрите играчи на Саутемптон од доаѓање на клубот, а статистиката вели дека заедно со Азар, Ериксен и Озил е меѓу најдобрите според создадените чисти шанси за гол.