„Be Best“: Нов проект на првата дама на САД, Меланија Трамп


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Be Best“ е новата кампања која ја започна Првата дама на САД, Меланија Трамп. Целта на оваа кампања е на децата да им се укаже на важноста на социјализацијата, емотивното и физичкото здравје.

Иницијативата е насочена кон промовирање на здравиот начин на живот, користењето на социјалните мрежи на позитивен начин и борбата против злоупотребата на опиоидите, изјави Меланија Трамп.

„Морален имепратив на нашата генерација е да преземе одговорност и да им помогне на децата“, истакна сопругата на американскиот претседател.

Доналд Трамп ја поддржа кампањата на својата сопруга и нејзиниот говор го нарече „прекрасен и искрен“