Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изборот на фризурата во огромна мера има влијание врз комплетниот изглед на една жена и од него доста зависи дали ќе си задржите младешки изглед, сериозност во стилот, строгост или опуштеност.
Исто како што некои фризури можат да ве подмладат, така некои фризури можат да направат да изгледате визуелно постари одошто навистина сте. Доколку не сакате да изгледате постаро, едноставно одбегнувајте ги следниве 4 фризури.
1. Патец на средина
Супер е повремено да го промените патецот, бидејќи така косата помалку ви се оштетува. Но обидете се да го одбегнете патецот на средина ако не сакате да изгледате постаро, па затоа најдобро е да ја префрлате косата од една на друга страна. Кога ќе се чувствувате откачено, можете да направите и цик-цак патец кој ќе има подмладувачки ефект на вашиот изглед.
2. Права коса
Иако долгата права коса е во мода, и оваа фризура, колку и да е убава и средена, може да ви додаде неколку години. Ако баш не можете без пегла за коса, тогаш додајте и малку волумен на косата кај самиот корен, бидејќи така нема да изгледате постаро. Најдобро би било наместо права фризура, да направите благи бранови во косата кои исто така се популарни.
3. Високо коњско опавче
Иако оваа фризура е спас за оние денови кога едноставно не можете да стигнете да ја измиете косата, и таа ќе ви додаде години и со текот на времето ќе ви ја ослаби косата. Наместо да ја врзувате косата високо на главата, додајте и малку волумен и заврзете класично или ниско опавче, со тоа што ќе пуштите неколку прамени да ви го врамат лицето.
4. Висока пунџа
Залижаната, совршено обликувана пунџа среде темето можеби изгледа елегантно, но прави да изгледате постаро. Слично како со високото коњско опавче, обидете се да врзете малку пониска и поопуштена пунџа, а и тука е добра идејата да извлечете неколку прамени за да ви го врамат лицето, бидејќи тоа секогаш има подмладувачки ефект.