И министерот „фаќа врски“ за настапот на Eye Cue на Евровизија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Едмонд Адеми, владиниот министер без ресор задолжен за дијаспората, лобира кај македонската дијаспора ширум Европа да ја поддржат групата ,, Еуе Cue’’ утре, на првата полуфинална вечер на Евровизија.

„Во вторник, осми мај, под реден број 11, настапуваме во првата полуфинална евровизиска вечер (од 21:00 CEST) со бендот ,,Еуе Cue’’ во Лисабон, Португалија. „Изгубено и најдено“ („Lost and found“) е песната со која ќе се претставиме и натпреваруваме за влез во финалето. Музиката е најраспространетиот јазик за комуникација помеѓу луѓето и најдобриот меѓународен амбасадор кој ги претставува културните вредности пред цела Европа и светот. Ве повикувам сите вас, кои сте по потекло од Република Македонија и живеете надвор, во земјите кои учестуваат на овогодишната Евровизија силно да ги бодриме ,,Eye Cue’’, претставниците на Република Македонија на Евровизија 2018“ – апелира Адеми.

Извор: Фокус