Сер Алекс Фергусон итно пренесен во болница – состојбата е критична

ferguson

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лоши вести пристигнуваат од Островот…

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е итно пренесен во болница, пренесуваат англиските медиуми.

Според медиумите на Островот состојбата е критична.

Дека се работи за нешто сериозно потврдува и фактот што неговиот син Дарен Фергусон кој работи како тренер во англискиот Донкастер не се појавил на денешниот тренингот, а како причина беа наведени семејните проблеми.

Подоцна со соопштение излезе и Манчестер Јунајтед.

„На Фергусон му беше изврешна операција поради мозочниот удар. Операцијата помина во најдобар ред и во овој момент тој се наоѓа на интезивна нега. Ќе остане таму се додека неговата состојба не биде стабилна“, стои во соопштението од Манчестер Јунатед.