Рамос: Салах? Јас не се плашам од никого!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не е уплашен од дуелот со Мохамед Салах пред финалето во Лигата на шампиони кое ќе се одигра на 26-ти мај.

Египќанецот оваа сезона игра фантастично и постигна 43 гола во сите натпреварувања, и одигра клучна улога за пласманот на „црвените“ во финалето.

Сепак, Рамос тврди дека играл против најдобрите фудбалери на светот и дека не се плаши од никого.

„Видовме сите што се Салах може да направи, но тој во финалето ќе биде само еден од 11-те фудбалери на Ливерпул. Во текот на кариерата играв против најдобрите на светот. Многумина од нив се сметаат за најдобри на сите времиња и никогаш не се плашев од никого. Имам почит, но не и страв“, изјави Рамос.

Шпанскиот репрезентативец на 26-ти мај во Киев ќе има шанса со Реал Мадрид да го освои својот 4-ти трофеј во Лигата на шампиони.

Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24!