Барселона бесна на Кутињо!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако нема доказ дека тоа навистина го рекол, една изјава на Кутињо предозвика многу контроверзи во шпанските медиуми.

Имено, Кутињо наводно изјавил дека жали што заминал од Ливерпул во јануари и дека според него подобро би било трансферот да се реализирал во јуни.

Тоа ги налути луѓето од Барселона кои веруваат дека со тоа му е нанесена штета на имиџот на клубот.

Бразилецот смета дека би било подобро да останел до лето на „Енфилд“ бидејќи на Барса не можеше да и помогне во Лигата на шампиони.

Кутињо пристигна на Камп Ноу во јануари и освои два трофеи, а никогаш не криел дека играњето за Барса е остварување на неговиот сон.

И додека „црвените“ се припремаат за финалето во Киев, Кутињо жали што не останал на „Енфилд“ до крајот на сезоната.

Едно е сигурно, на Ливерпул и не му достасуваше многу…