БОМБА: Баерн Минхен спреми „стотка“ за Дибала


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Еминентниот „Билд“ кој е секогаш добро информиран за случувањата во баварскиот гигнат тврди дека најголема желба на новиот тренер Нико Ковач е токму Пауло Дибала.

Веќе подолго време се шпекулира со иднината на Аргентинецот, за него се заинтересирани многу европски гиганти, па голема е веројатноста да го напушти Торино ова лето.

Италијанските медиуми откриваат дека Дибала не е во добри односи со Алегри, не е задоволен со фактот што во одредени натпревари го остави на клупата, па и самиот размислува за промена на средината.

Баерн е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда од 100 милиони евра, но се претпоставува дека „бјанконерите“ ќе забараат најмалку 20 милиони евра повеќе.

Сепак, двата клуба имаат фантастични трансфер релации, па Баварците можат да ја надоместат разликата со одредени бонуси.

Летниот преоден рок е блиску, а медиумите веќе шпекулираат за бомбастични трансфери.