Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зидан синоќа го жртвуваше Модриќ поради една цел – пласман во финалето на Лига на шампиони. На крајот „коцкањето“ му се исплати бидејќи „кралевите“ одиграа 2:2, што беше доволно за билет за Киев.
Моторот, срцето, душата на тимот – така Шпанците денес со воодушевување го опишуваат плејмејкерот на Реал Мадрид.
Модриќ синоќа иако не играше на својата природна позиција, заедно со голманот Навас и стрелецот Бензема, беше најдобриот поединец кај „кралевите“. За тоа што работеше Модриќ против Баерн и каде, зборува графичкиот приказ.
Во отсуство на Карвахал, Зидан синоќа изненади со својот избор како десен бек да го постави Лукас Васкез, но тоа немаше да „излезе на добро“, ако Модриќ не завршеше голем дел од работата.
Модриќ одлично ја затвораше десната страна и му помагаше на Васкез во дуелите со Рибери и Алаба, притоа ја држеше играта на Реал на средината од теренот.
Поради тоа денес сите медиуми во Шпанија со воодушевување пишуваат за Лука Модриќ или „човек за се“, но целта е остварена – Реал е во финалето.