Серхио Рамос: Титулата во ЛШ вреди повеќе од двојната круна на Барса!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има амбиции да игра уште едно финале во Лигата на шампиони и е на добар пат после победата над Баерн во првиот меч.

„Имаме доволно искуство и знаеме што значи да играш финале во Лигата на шампиони. Сега сме на чекор од финалето и се надеваме дека ќе патуваме во Киев“, изјави Рамос.

Капитенот на „кралевите“ потоа направи споредба со титулата во ЛШ и двојната круна на Барса во Шпанија.

„Барса одигра фантастична сезона и освои две титули. Трофејот во ЛШ би ја израмнил двојната круна, а може и малку повеќе од тоа. Ако работите завршат така, тогаш и двата клуба ќе имаат одлични сезони“.

„После тоа што се случи на реваншот со Јувентус, сега ја научивме лекцијата. Треба да влеземе во мечот без да мислиме на првиот меч, ќе играме исто како да е 0:0“, заклучи Рамос.