Вајнстин верува дека Холивуд ќе му прости


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Филмскиот продуцент и еден од некогаш највлијателните ликови во Холивуд, кој повеќе од 70 жени го обвинија за сексуално малтретирање и злоупотреба, верува дека Холивуд ќе му прости, пишува телевизискиот водител Пирс Морган.

Иако десетици жени го обвинија за сексуална злоупотреба, вклучително и силување, Вајнстин негира дека со било кој имал сексуални односи без согласност. Морган за GQ изјави дека разговарал со Вајнстин во Аризона, во клиниката кадешто се лекува продуцентот.

„Разговаравме околу еден час. Се бори. Тој е фасцинантен лик“, вели Морган. Додаде дека не е изненаден од обвинувањата и тужбите.

„Таков е системот откако постои Холивуд. Тоа е морална септичка јама уште од дваесеттите години на минатиот век, а Вајнстин е единствениот негативец? Ма дајте“, изјави Морган.

На крај, Харви верувал дека Холивуд ќе му прости.