Џерард прифати – ќе го води Глазгов Ренџерс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот капитен на Англија, и легенда на Ливерпил, Стивен Џерард ја прифати понудата да го преземе кормилото на Глазгов Ренџер, пренесоа медиумите на Островот.

Легендата на „црвените“, Џерард, работи како тренер во академијата на Ливерпул, но доби понуда која не можеше да ја одбие, па работата во Ренџерс ќе биде прва како самостоен тренер.

„Полицајците“ од Глазгов неколку сезони, поради финансиските проблеми, играа во пониските лиги, па откако се вратија во првата лига се во сенка на најголемиот ривал Селтик.

Како менаџер на „сините“, Џерард ќе има можност да се соочи со својот поранешен тренер на Ливерпул – Брендан Роџерс, кој во моментов го води вечниот ривал Селтик.