Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синоќа Интер и Јувентус одиграа фантастичен дерби натпревар, полн со пресврти, а на крајот трите бода и припаднаа на „старата дама“.
Јувентус иако од 15-та минута играше со играч повеќе и имаше водство, до победа стигна до два гола во последните пет минути од натпреварот, бидејќи Интер во вторто полувреме направи пресврт.
Сепак, во центарот на вниманието денес е главниот судија Орсато, кого медиумите го посочија како најголем „виновник“ за победата на Јувентус.
Орсато доби најслаба оценка од сите релевантни медиуми во Италија, а како најголема грешка се потенцира тоа што не му даде втор жолт картон на Пјаниќ на почетокот на второто полувреме при резултат 1:1.
Босанецот, кој веќе имаше еден жолт картон жестоко стартуваше над Рафиња и со лакт го удри во лицето, Орсато стоеше на само еден метар, но не му даде втора опомена.
Денес низ социјалните мрежи се појавија информации дека Орсато е навивач на ЈувентусТој во 2014 година добил на подарок и потпишан дрес од Џанлуиџи Буфон, што додатно ги запали страстите на Апенините.