Венеција ќе го блокира влезот во градот ако дојдат премногу туристи за празниците


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот град Венеција постави привремени порти на два моста кои се наоѓаат на влезот на градот, со цел да го спречи преголемиот прилив на туристи.

Ваквите мерки ќе стапат на сила за време на четирите празнични денови, заклучно со вторик кога во светот се слави Празникот на трудот 1 Мај. Градската полиција денеска го следи доаѓањето на туристите и проценките се дека сè уште нема потреба да се затворат портите на градот.

Во венеција има далеку поголем број на туристи, од жители. Тесните улици за време на празниците се речиси непроодни.